Факултет за Опшествени Науки
Значењето на општествените науки и причините за организирањето на студиите по психолошко советување и усмерување јасно произлегуваат од редица научно-емпириски факти. Општа цел на дејноста на психологијата е унапредување на квалитетот на животот, групите и човечкото општество. Психолошките активности се вклучени во сите аспекти на човечкиот живот, а посебно во оние кои се однесуваат на работата и организацијата на работата, вработувањето и професионалната ориентација, комуникацијата и пазарот, воспитувањето и образованието, истражувањето, здравството, спортот, социјалната заштита, трговијата, правосудството, војската и полицијата.
Со психолошко советување и усмерување како професија можат да се занимаваат единствено Психолози. Психолог е индивидуа која има завршено академско образование наменето за едукација на психолог.
Во современото општество психологот е експерт за кој постои потреба во сите дејности, а посебно во предучилишниот и училишниот образовен систем, во здравството, социјалната заштита, при давањето на психолошка помош на сите оние на кои истата им е потребна, во војската, стопанскиот систем.
Низ Европа студиите со кои се оспособуваат психолозите се слично структурирани и се засновани на најновите сознанија на темелните и применети психолошки истражувања и, се разбира, благодарејќи токму на постојаните истражувачки напори на психолозите (како и на другите експерти од областа на невропсихијатријата и општествените науки ) постојано се обновуваат. Тие студии најчесто траат пет академски години, а постои, исто така, потреба за континуирано усовршување и насочување во посебните психолошки подрачја по дипломирањето (различни облици на постдипломски студии и континуирано образование).
EFPPA (Заедницата на европските друштва на психолози) има изработено рамка на образованието на психологот која ќе биде основа за европската диплома за психолог. Таа рамка е направена согласно со Болоњската декларација и предвидува петгодишни студии по принципот 4+1. Програмата за студиите по психолошко советување и усмерување е изработена согласно рамките кои ги има изработено EFPPA. Програмата континуирано се унапредува, осовременува и подобрува.